Кратко траеше авантурата во Еурофарм Работник: Сантијаго Москера се сели во Португалија

Првиот колумбиски интернационалец на европско тло, Сантијаго Москера, кој се пресели во Еурофарм Работник на средина на минатата сезона и потпиша повеќегодишен договор со битолскиот клуб, по нецела година заминува од Македонија.

Москера кој играше и за младинската и за сениорската екипи на тимот од Битола, потпиша договор со португалскиот тим АДА Маиа на една сезона. АДА Маиа е состав кој за малку не влезе во плеј-офот, а за следната сезона има високи амбиции.

По заминувањето на Москера и се поизвесното на Дејан Пецаковски, Еурофарм Работник ќе мора да се засилува на левата бековска позиција. Досега беа продолжени договорите со петмина играчи, а доведени се Гоце Ојлески, Филип Ивановски и Марко Чампар.