Кралот без конкуренција: Лука Циндриќ е МВП на седмиот Ф4-турнир во СЕХА-лигата

После четири одиграни средби на завршниот турнир во СЕХА-лига во изборот на најдобрите седум ракометари доминираше тимот на Вардар кој на крајот и дојде до пехарот.

Голманот Арпад Штербик, левото крило Тимур Дибиров и средниот бек Лука Циндриќ се најдоа во ол-стар тимот, додека Илија Абутовиќ очекувано е првиот дефанзивец на завршниот турнир на СЕХА лигата во 2018 година.

Немаше изненадувања така што и наградата за најдобриот играч на овој турнир заврши кај ракометар на Вардар, а се работи за Лука Циндриќ кој уште еднаш ги предводеше колегите до одличен резултат и до нов круна.

ОЛ-СТАР ТИМ НА СЕХА Ф4 2018

ГОЛМАН: Арпад Штербик (Вардар)

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар)

ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (ППД Загреб)

ЛЕВ БЕК: Домагој Павловиќ (ППД Загреб)

СРЕДЕН БЕК: Лука Циндриќ (Вардар)

ДЕСЕН БЕК: Жига Млакар (Целје ПЛ)

ПИВОТ: Вјачеслав Шумак (Мешков Брест)

ДЕФАНЗИВЕЦ: Илија Абутовиќ (Вардар)

МВП: Лука Цинриќ (Вардар)