Кој ќе побрза ќе ја гледа Барселона: Уште 558 билети за саботниот меч во ЛШ против Вардар

Ракометарите на Вардар утре играат против Барселона во 5. коло од Лигата на шампионите, а овој дерби дуел би требало конечно да ја наполни СЦ „Јане Сандански“. Според она што може да се забележи билетите се речиси распродадени и останати се уште нешто над 500 влезници за овој меч.

Оние коишто сакаат да го следат овој дуел ќе треба да побрзаат за да обезбедат билет за дуелот против актуелниот светски првак. Доколку сакаат да уживаат во пресметката меѓу европскиот и светскиот шампион имаат уште 558 билети во продажба.

Билетите може да се купат онлајн преку продажната мрежа на Тикет плус.