Кој е Ќерими – плејмејкерот на Металург што ја наполни мрежата на Франција (ВИДЕО)

Екипата на Металург од денеска има нов ракометар, а тој ќе настапува на позицијата среден бек. Уште после првиот тренинг се виде дека на металурзите ќе им треба нов ракометар на ова место и се реагираше брзо, па веќе е јасно дека екипата добива на поголем ростер за новата сезона.

Арбер Ќерими од Белгија е можеби непознат за Македонија, но тој има одлични партии во дресот на репрезенацијата, а една таква одигра против репрезентацијата на Франција во квалификациите за ЕП 2018.

На таа средба Ќерими ја наполни мрежата на Французите кои успеаја да се спасат, а беа на граница од пораз.