Котевски пред ангажман во Металург 2

Тренерот кој вчера ја заврши соработката со тимот на Бутел Скопје со кој во последните две години забележа одлични резултати, Игор Котевски најверојатно и понатаму ќе може да води тим во Супер лигата. Тој е во комбинација за клупата на Металург 2 и би можел да се пресели во Автокоманда каде што би ги предводел младите ракометари од тимот кој се врати меѓу суперлигашите.

Причините засега не се познати официјално околу неговото заминување од екипата на Бутел Скопје. Оваа вест беше изненадување особено поради резултатите кои ги направи со тимот на Бутел во претходните две години кога прво го внесе клубот во Супер лига со доминација кај прволигашите, а потоа во првата суперлигашка сезона се избори за 4. место во најсилната лига и обезбеди место во Купот на ЕХФ.

Инаку, Котевски со својата работа веќе докажа дека е добар тренер, па сигурно дека ќе има расположение во Металург за тој да се најде на клупата на тимот со млади ракометари за новата сезона која ќе биде максимално тешка во суперлигашката конкуренција.