Костески и Серафимов меѓу најдобрите стрелци во Грузија

Двајца ракометари од репрезентацијата на Македонија се наоѓаат меѓу најдобрите пет стрелци на ЕХФ-шампионатот во Грузија после одигрувањето на првото коло. Ненад Костески и Мартин Серафимов заедно постигнаа речиси две третини од головите на Македонија, па оравдано се на првото и на делба на 4. место после првата средба во Тбилиси.

И двајцата беа дел од ЕХФ-шампионатот во младинска конкуренција, па очигледно тоа искуство им помогна многу за да имаат одличен старт на овој турнир. Сепак, и денеска ќе треба да одиграат на исто ниво и уште еднаш да потврдат дека се во одлична форма.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 10

11 – Ненад Костески (Македонија)

10 – Самуел Зендер (Швајцарија)

10 – Елијас Елефсен Скипаготу (Фарски Острови)

9 – Мартин Серафимов (Македонија)

9 – Тимо Алфред (Естонија)

8 – Оје-Давид Етуте (Луксембург)

8 – Томас Валентукевичиус (Литванија)

8 – Николоз Каландазе (Грузија)

7 – Димитри Митреа (Луксембург)

7 – Гиорги Човребадзе (Грузија)