Костески и Гигов главни во Турција

Тимот на Селка Ескисехир, каде што настапуваат македонските интернациналци Никола Костески и Виктор Гигов, се наоѓа на врвот на табелата во турскиот шампионат. Во последниот натпревар Селка беше подобра на гостувањето од Азизије со 25:27.

300x250

Одлични настапи има Македонците. Костески даде 4 голови од 4 обиди, додека Гигов доживува втора младост и беше фантастичен на голот со 14 интервенции. Селка е на врвот со 15 бодови, Бешикташ има 14 и 2 меча помалку, додека исто толку има и Анкараспор, а Гецтепе има 13 на 4 позиција.

В среда се игра „македонскиот“ дуел во Турција меѓу Бешикташ на Прибак и Лазаров и меѓу Анталијаспор на Петар Ангелов.