Костески е втор стрелец во австрискиот шампионат по шест кола

Тимот на Линц, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Горан Крстевски, загуби во шестото коло од австрискиот шампионат.

Линц беше поразен на домашен терен од фаворизираниот тим на Фиверс Маргаретен со убедливи 26-34, иако на полувреме имаше само еден гол негатива, 14-15.

Десното крило постигна шест погодоци и беше прв стрелец во домашниот тим, додека Крстевски погоди два пати, но подели и три асистенции.

Со овие погодоци, Костески сега изби на делба на второто место на листата на стрелци во австрискиот шампионат со 33 постигнати голови на шест меча, додека Влатко Митков се наоѓа на осмото место со 28 голови.