Констанца го испушти Супер купот на Романија

Тимот за кој настапуваат двајца репрезентативци на Македонија, а го предводи најуспешниот селектор, Звонко Шундовски денеска имаше предност во голем дел од средбата против Динамо Букурешт, но на крајот претрпе пораз.

300x250

Динамо Букурешт славеше со 31:26 откако во второто полувреме успеа да го надигра тимот на Доброгеа Суд Констанца. На полувреме екипата на Шундовски, Ангеловски, Митревски и Маркоски имаше предност од 17:16 и ова водство успеваше да го одржи во еден дел од полувремето.

Сепак, како одминуваше времето падна ритамот. Констанца последен пат водеше при 24:23. Тука дојде пресвртот во мечот кога Динамо успеа да поведе, а се чинеше дека ќе има шанси за враќање при 27:26. Меѓутоа во тие моменти Динамо влезе во силна завршница и со четири гола во серија го постави конечниот резултат во победата од 31:26.

Ова беше меч за кој толку многу се подготвуваа во Констанца, но не успеаја да го решат во своја корист.