Конечно полна сала: И Комити се најавија за Барселона

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона кој треба да се одигра в недела од 17 часот е магнет за сите вљубеници во ракометот и веќе извесно време е познато дека трибините во СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат исполнети до последно место.

Комитите сезонава ги немаше на сите средби на Вардар, но овој пат се подготвуваат да го вратат сјајот на средбите од Лигата на шампионите и сосема извесно е дека в недела ќе биде вистински пекол на трибините и „црвено-црните“ ќе имаат огромна поддршка.

На Фејсбук профилот тие веќе соопштија дека собирот ќе го имаат во 15:30 часот и покрај тоа што најавија голема поддршка за вардарци ќе имаат и собирање на средства за донација за нивни членови.