Конечно му се оствари сонот: Циндриќ промовиран во Барса

Некогашниот член на Вардар, а во минатата сезона на полскиот Келце – Лука Циндриќ од лето ќе има голем предизвик во кариерата.

Тој потпиша четиригодишен договор со каталонскиот гигант Барселона и ќе му се стави на располагање на тренерот Чави Пасквал.

Циндриќ не беше задоволен во Келце и по само една година реши да си замине оттаму, но за неговата слобода Барса мораше да плати еден милион евра.

„Хрватскиот ракометар потпиша договор со тимот на Барселона за четири сезони, со важност до 2023 година“, објави клубот.

Циндриќ заедно со искусниот Раул Ентрериос ќе треба да ја гради играта на шпанскиот тим.