Конечно добри вести од Веспрем: Манасков и колегите освоија пехар

Ракометарите на Веспрем успеаја да ја надминат кризата во која влегоа во последниот период или барем така делуваше минатиот викенд кога успеаја да освојат титула во домашно натпреварување.

300x250

Дејан Манасков и колегите имаа тешка средба против Пик Сегед, но дојдоа до победа од 23:21. Ова беше дуел од финалето, на кој Манасков успеа двапати да се запише меѓу стрелците во победничкиот состав.

Претходно во полуфиналето, Веспрем беше подобар од екипата на Балатонфуреди. Таму Манасков беше реализатор на четири гола од кои еден беше од пенал. Веспрем славеше со 38:22.

Дали овој трофеј ќе ги смени работите во Веспрем е знак на прашање, но дефинитивно барем малку се најавија позитивни денови во клубот после кризата која настана со елиминацијата во Лигата на шампионите од екипата на Скјерн.