Комити со извинување од Манасков! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков со своите игри изминатата сезона докажа дека е крило од светски калибар. Одличните настапи во Лигата на шампионите, репрезентативниот дрес и германската Бундес лига му загарантираа место меѓу најдобрите 16 во редовите на македонскиот шампион Вардар.
Иако со своите игри заслужено избори место во составот на Раул Гонзалес, постапките од минатото, кога ракометарот играше за лутиот противник Металург останаа запаметени од најверните навивачи на „црвено-црните“.
Вечерва пред дуелот меѓу Вардар и Киелце во рамките на Лигата на шампионите, Дејан Манасков со високо подигната рака им се извини на „Комити“, гест кој заслужува секоја почит од ракометарот кој изминативе години и носеше радост на големата армија ракометни навивачи во Македонија.EHF(cl)-Vardar-Kielce-6577
На потег се оние најтврдокорните…
EHF(cl)-Vardar-Kielce-6582

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ