Комити пред Веспрем: “Јане Сандански” е место каде се раѓаат нови херои!

Ракометарите на Вардар ги очекува еден од поважните натпревари оваа сезона. Унгарскиот Веспрем ќе биде ривалот на “црвено-црните”, а доколку слави на овој дуел, Вардар ќе биде чекор поблиску до пласман во осминафиналето од втората позиција на табелата во групата А.

Навивачите на Вардар – “Комити” веќе се огласија на социјалните мрежи и ги повикаа сите да се појават во СЦ “Јане Сандански” в сабота.

“Јане Сандански е место каде се раѓаат нови херои!
По заминувањето на “октоподот” на голот на Вардар, најголема грижа на стручњаците беше како ќе се пополни таа празнина…Но ние знаевме, ние верувавме дека како што Македонија други ќе роди и по Царот Пирински, така и од салата која го носи неговото име ќе се родат и други кои ќе бидат достојни како предходните!
Затоа е Вардар институција…
А кога еден човек со големо срце, една легенда во најава ќе ја повика Црвено-Црната Армија да дојде во Европскиот Ракометен епицентар на лудилото, тогаш нашите срца не можат да одолеат, затоа што потсетуваат многумина од нас на нашата прва љубов, на младоста која му ја подаривме и за која не сме зажалиле ниту за момент!
И сто животи да имаме, и илјада шанси да ни се укажат да го вратиме времето за да направиме нешто поинаку од она што сме направиле, повторно ќе го сториме истото, повторно страста од прегратката со другарот до себе во исполнетиот коп и скокањето пеејќи ја Зига Зага или Ајде Ајде Ајде Вардареее ќе преовлада!

Фала ти Боже што сум Комита!!!
Фала ти што сум Македонец до коска!!!
СИТЕ ВО САЛА!!!
16.02.2019″

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем, кој е прогласен за натпревар на неделата од страна на Европската ракометна федерација, се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.