Колку казни платија суперлигашите во штотуку завршената сезона?

Клупската сезона во Македонија веќе е архивирана. Вардар ја освои титулата полесно од очекувањата, а интересен беше двобојот за втората позиција меѓу Еурофарм Работник и Металург. Новиот суперлигаш Бутел Скопје направи одличен резултат со пласманот во плеј-оф и четвртото место, а Пелистер и Пролет одиграа во рамките на очекувањата.

На Охрид и Струга им требаше уште една или две победи за да влезат во разигрувањето за титулата, но не успеаја, додека Радовиш како и секогаш беше на границата меѓу горниот и долниот дел на табелата. Вардар Јуниор одигра колку што требаше да го обезбеди опстанокот, додека Прилеп и Борец беа одамна отпишани во борбата за опстанок.

Дел од клубовите беа казнувани од РФМ најчесто поради слабата организација на натпреварите, а најмногу плати Охрид, 160.000 денари. Потоа Бутел Скопје беше казнет со 60.000 денари, додека Струга и Пелистер и платија на РФМ по 20.000 денари.