Колев и Ница се засилуваат

Еден од ретките македонски тренери кој успешно работи во странство, Марјан Колев, го доби третото засилување во тимот на Ница за следната сезона. По обезбедувањето на потписот на Марина Давид, на талентираната Мелиса Агате, во Ница догодина ќе игра и Џенеба Танџан.

Станува збор за најдобрата ракометарка на Тулон, која ќе го надополни составот предводен од познатите Линеа Торстенсон, Ана Мартинез и Кармен Мартин. Договорите се продолжени со  голманките Чолиќ и Сако, а не е исклучено до крајот на оваа сезона да се донесат уште играчи.

Ница практично го има обезбедено пласманот во разигрувањето за титулата, а до крајот на регуларниот дел ќе се погрижи да ги загрози Мец и Брест Бретањ на првите две позиции на табелата, па борбата за Лигата на шампионите нема да биде невозможна мисија.