Кокшаров го соопшти списокот за престојниот дуел против Македонија

Селекторот на руската ракометна репрезентација Едуард Кокшаров повика 18 ракометари за престојниот натпревар против Македонија во Скопје.

300x250

Во периодот на ЕХФ неделата од 1 до 9 април, Русите решија да спарингуваат со нашиот национален тим, а со оглед на тоа дека на чело на зборнајата се наоѓа спортскиот директор на Вардар-Едуард Кокшаров тоа е сосема логичен потег на двете федерации.

Покрај Кокшаров, рускиот национален тим во Скопје ќе биде пречекан и од останатите Руси кои што настапуваат во РК Вардар-Тимур Дибиров и Данил Шишкарев. Ова ќе биде добра прилика на лице место да се видат и можните потенцијални засилувања на РК Вардар, Санталов, Кисељев и Михалин.

На списокот на Кокшаров за престојниот дуел против Македонија се најдоа следниве ракометари:

Голмани:
Олег Грамс, Виктор Киреев, Денис Заболотин

Леви крила:
Тимур Дибиров
Роман Осташенко

Леви бекови:
Сергеј Горбок
Александар Шурински
Димитриј Санталов
Виталиј Комогоров

Средни бекови:
Павел Атман
Дмитриј Житников

Десни бекови:
Сергеј Шелменко
Димитриј Кисељев

Пикери:
Сергеј Горпишин
Глеб Калараш
Максин Михалин

Десни крила:
Данил Шишкарев
Димитри Ковалев

Собирот во Скопје означува почеток на подготовките за престојниот бараж за пласман на СП 2019 кој е закажан за месец јуни. Македонија за противник ја има репрезентацијата на Романија, додека пак Русија ќе мора да ја помине Чешка доколку сака пласман на СП.