Кокшаров: Атман е играч од висока класа, сигурен сум дека ќе му помогне на Вардар

По потпишувањето на договорот со Вардар од Павел Атман сите очекуваат лесно да се вклопи во екипата и да се врати во посакуваната форма. Тој во Хановер имаше многу проблеми со повредите, а како резултат на тоа не играше премногу.

Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров го коментираше трансферот на Атман во европскиот шампион.

„Во изминатиот период Павел имаше многу повреди. Очигледно е дека е тој играч од висока класа. Очекуваме дека во Вардар ќе се врати во вистинската форма и повторно ќе игра на највисоко ниво како секогаш. Драго ми е што успеавме да го привлечеме Атман во нашиот клуб. Сигурни сме дека тој ќе помогне и на Вардар и на репрезентацијата на Русија“, изјави Кокшаров.

Атман е третото засилување на Вардар за наредната сезона откако претходно беа промовирани голманот Артурс и пивотот Горпишин.