Кога џин ќе направи цепелин: Голот на Криштопанс најубав во декември во СЕХА (ВИДЕО)

Десниот бек на Вардар од Летонија, Даини Криштопанс го има најубавиот гол во декември во СЕХА-лигата. Тој на дуелот против Металург постигна гол од цепелин, па при гласањето успеа да собере најмногу гласови и заслужено се најде на првото место.

300x250

Криштопанс игра во сè подобра форма во дресот на Вардар, а голот против Металург беше само еден од поубавите коишто ги има постигнато. Ова е знак дека може да се очекуваат уште подобри игри од него во продолжение од сезоната.