Кога судиите ќе станат мажоретки…(ВИДЕО)

На кошаркарските натпревари долго време во паузите за тајм-аут или на полувреме, публиката е забавувана од атрактивни мажоретки. Дел од ракометните клубови се обидуваат да го следат таквиот пример, па можеме и во овој спорт да видиме се почесто ваков вид забава за присутната публика.

Но, на еден натпревар од Шведска во младинските категории, улогата на мажоретка ја презема еден од судиите на теренот, што наиде на големо задоволство кај гледачите во салата и актерите на теренот.

Какви се танцувачките способности на судијата, погледнете во видео прилогот…