Кога сите престанаа да веруваат: Загреб го запре Рајн Некар во Арена

ППД Загреб конечно дојде до победа во оваа сезона во Лигата на шампионите, па на тој начин успеа да го избегне неславниот рекорд и да забележи барем еден триумф во 2017 година. Загреб доминираше на дуелот против Рајн Некар и го совлада со 30:26 така што ги врати „лавовите“ уште еден чекор наназад сега и во трката за 2. место.

300x250

Загреб забележа убава предност уште во првото полувреме. Имаше 17:13, па тоа беше гаранција за мирно продолжение. Во вториот дел требаше само да се чува водството, а тоа се правеше умешно. Златан Сарачевиќ очигледно успеа да ја најде формулата за мотивација во тимот и да ги крене ракометарите коишто конечно почнаа да наликуваа на она што е потребно за Лигата на шампионите.

Во финишот Загреб влезе и со поголема предност од четирите гола, но можеше да се одигра опуштено и без проблеми да се дојде до првиот триумф со што Загреб конечно успеа да се одалечи од последната позиција, па во февруари ќе брка и можност за место во осминафиналето.

Денеска најефикасен во Загреб беше Хорват со осум погодоци. Во Рајн Некар Сигурдсон реализираше девет удари, а Филип Талески успеа двапати да ги совлада голманите на Загреб.

Фото: rhein-neckar-loewen.de