Кога не може Шишкарев од мртов агол, тука е Калараш (ВИДЕО)

Европскиот шампион Вардар во овие моменти го игра второто полувреме од натпреварот против полскиот Келце во Лигата на шампионите.

На теренот во СЦ “Јане Сандански” се бие тешка битка, во која се надеваме како победници ќе излезат вардарци.

Погодок вреден за одбележување е оној на Глеб Калараш, кој доби асистенција од неговиот соиграч од руската репрезентација, Данил Шишкарев.

Ако не може Шишкарев од мртов, тогаш тука е Калараш…