Кога карактерот ќе ја победи упорноста: Хрватска со триумф го отвори мундијалот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

После големо надигрување во текот на сите 60 минути репрезентациите на Хрватска и Исланд постигнаа 58 гола, а притоа Хрватите дојдоа до триумф од 31:27.

И двете селекции имаа свои периоди во средбата, но според тоа како играа јасно беше дека моменти ќе го решаваат победникот на оваа средба. А тоа се случи во последните пет минути од дуелот.

Додека Палмарсон играше на високо ниво екипата имаше предност. Откако падна неговиот ритам односно откако Хрватите најдоа лек за него. Тука Хрватите тргнаа посилно и негативата набрзина ја донесоа до позитива за први бодови и чекор поблиску до пласман во втората фаза.