Кога Вардар ќе се разигра руши сè пред себе (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар продолжија со одличните игри во Лигата на шампионите и во 6. коло успеаја да ја забележат и петтата победа со што до одигрувањето на средбата меѓу Барселона и Келце го има првото место во групата А.

Вардар победи со 30:23 против Мешков Брест и ја покажа силата која ја има сезонава демонстрирајќи сила против шампионот на Белорусија докажувајќи како се игра на вакви средби.

Она што беше видено во второто полувреме беше вистинско шампионско издание на вардарци и најава за уште подобри игри.