Кога “балерината” со големина на мечка е побрза од зебрата (ФОТО)

Ракометарите на Вардар со триумфот од 28-29 во Шпаркасе Арена во Кил, уште еднаш докажаа зошто се актуелни европски шампиони.  Македонскиот шампион одигра мудро, тактички и пред се фајтерски, а еден од главните мотиватори и борци како и секогаш кога е во прашање Вардар беше капитенот Стојанче Стоилов. Популарниот Столе уште еднаш им одржа часови по “балет” на германските дефанзивци и го доближи својот Вардар еден чекор поблиску кон ново учество во Келн. По егзекуцијата на Македа и завршувањето на натпреварот славјето можеше да започне. Епилогот е познат. Стоилов и екипата на победничко селфи!