Кога актуелниот му гостува на некогашниот шампион – тоа мора да е меч на колото во ЛШ

По репрезентативната пауза, односно по завршувањето на обврските кон националните селекции, ракометарите на Вардар повторно ќе се вратат на натпреварите во СЕХА Лигата и во Лигата на шампионите. Од групната фаза на најквалитетното евроско клупско натпреварување за Вардар остануваат уште четири меча, а оној во 11 коло на гости кај Барселона на 10 февруари е прогласен за меч на колото од страна на ЕХФ.

300x250

„Бранителот на титулата, Вардар, е на пат да стане првата екипа што ќе се врати во Келн, по освојување на Лигата на шампионите, благодарение на победничката серија досега. Нивниот рекорд ќе биде ставен на тест во 11 коло, кога ќе заминат во „Палау Блауграна“, салата во која Барселона секогаш очекува победа. Вардар ја покажа својата доминација со победа на првиот меч од 27:24, со брилијантна одбрана на чело со Арпад Штербик, кога двеве екипи се сретнаа во 5 коло, па Барселона ќе сака да се реваншира и за тој пораз и за оној од полуфиналето во Келн, минатата сезона.“ – се вели во најавата на ЕХФ за овој натпревар.

Покрај овој дуел, Вардар во февруари го чекаат уште два дуели, дома со ПИК Сегед и на гости со Нант, а во март ќе биде одигран и натпреварот против Висла Плоцк во Скопје.