КЛ7 по засилување и во Битола, кај вицепрвакот Еурофарм Работник

Новиот прволигаш КЛ7, по засилувањата од составот на Вардар Јуниор – Игор Ѓорѓиев и Никола Цветаноски, доби уште еден играч од Суперлигата.

КЛ7 беше на шопинг и во Битола кај Еурофарм Работник, а оттаму во Скопје се пресели кадетскиот репрезентативец кој настапува на левата бековска позиција, Бобан Каковски.

Тој не доби голема шанса кај „фармацевтите“, а потрагата по поголема минутажа заврши во новиот прволигаш предводен од Андон Бошковски.

Каковски веќе дебитираше за КЛ7 на пријателскиот натпревар против Работнички, а настапи и против Охрид.