КЛ7 Лазаров пријави екипа за Првата лига!

Клубот што е во сопственост на Кире Лазаров, КЛ7, кој минатата сезона се натпреваруваше во младинските категории, во новата сезона ќе пријави екипа и во сениорска конкуренција. КЛ7 ќе биде дел од Првата лига што минатата година имаше 16 екипи учесници. Покрај овој нов тим, има најава и за уште неколку нови, по што ќе се разгледува и системот на натпреварување доколку има повеќе од 16 екипи.

КЛ7 би требало да игра во салата “Расадник”, а во оваа сала би требало да дојдат и сите други екипи од младинските категории од школата КЛ7 што работат во Скопје. Со оглед на тоа што оваа школа работи на неколку локации низ Скопје вака би се добила можност сите да дојдат и да работат на едно место. Веќе подолго време се разговара за превземање на салата а потоа и нејзино целосно реновирање.

Инаку, КЛ-7 сезонава имаше одлични резултати. Во пионерска конкуренција тие го освоија 2. место. Кадетите триумфираа на Ф4 турнирот, додека младинците на крајот се пласираа на 3. позиција, а како ќе биде во сениорска конкуренција останува да видиме.