Клубовите можат да пријават 28 играчи кои може да ги менуваат до 28 февруари

Сите клубови што ќе играат во Супер лигата во машка конкуренција, вкупно 12, можат да пријават пред стартот на сезоната најмногу 28 или помалку ракометари во својот ростер.

Клубовите ќе можат да ги менуваат играчите од својот ростер се до последниот ден од преодниот рок, до 28 февруари 2020 година.

Во лигата ќе има седум тимови од Скопје – Работнички, Вардар, Металург, Пролет, Бутел Скопје, Металург 2 и Вардар Јуниор, плус Охрид и Струга, битолските ривали Пелистер и Еурофарм Работник, како и тимот на Радовиш.