Класата е вечна: Лазаров и Наѓ се единствените што играле на СП пред 20 години!

Вчера започна Светското првенство во Минхен, а во текот на денешниот ден македонската репрезентација ќе го одигра првиот натпревар против азискиот претставник Јапонија.

Ова е шести настап за нашата селекција на Мундијалите, а првиот беше пред 20 години, кога Македонија беше дел од СП во Египет 1999 година.

Тогаш во ростерот беше и нашиот капитен Кире Лазаров, кој ќе го има своето шесто учество на Мундијалите.

Лазаров, заедно со уште еден десен бек Ласло Наѓ, кој се врати во националниот тим на Унгарија, се единствените двајца што настапувале во Египет, што е уште еден доказ дека класата е вечна…