Кире Лазаров : Одигравме перфектен натпревар

Македонија издвојува висока победа на последниот напревар од квалификациите за ЕП во Хрватска потопувајќи ја репрезентацијата на Чешка (33-20) и по прв пат во еден квалификациски циклус заврши на првата позиција. По кој знае кој пат капитенот Кирил Лазаров беше еден од клучните играчи одигрувајќи перфектен натпревар со 11 погодоци од 12 удари кон противничката мрежа.

300x250

„ Ова беше еден од нашите најквалитетни натпревари. Не смееме да се залажуваме дека со оваа победа од 13 голови разлика сме победиле некоја слаба репрезентација. Очигледно беше дека поправивме некои детали како во нападот така и во одбраната. Сега играме многу полесно и ме радува фактот што и помладите играчи добро се вклопуваат со нас постарите.  – изјави Лазаров

Капитенот Лазаров истакна дека е задоволен од прикажаната игра на репрезентацијата и среќен е што „ црвено – жолтите “ полека растат како репрезентација која игра квалитетен и модерен ракомет .

„ Се уверивме и самите дека играме можеме да играме квалитетен ракомет. Доста анализираме и сето тоа вродува со плод . Вечерва девет или десет поединци во селекцијата одиграа перфектен натпревар. Секој во репрезентацијата си има своја улога. Ќе го спомнам Талески кој не постигна многу голови, но ракометно и тактички одигра доста интелигентен натпревар. Раул му даде некои совети кои тој веднаш ги примени и се покажа одлично на теренот – искрен беше Лазаров