Кире Лазаров – македонската гол машина (ВИДЕО)

Македонија демонстрираше сила и моќ против Чешка и ја разнесе во Скопје со 33:20. Гостинските ракометари не знаеја од каде попрво да се бранат, па македонските репрезентативци на моменти си поигруваа со нив и дадоа голови со три цепелини.

Првиот од трите цепелини беше на крај на првиот дел кога Лазаров и Манасков ја матираа одбраната на Чешка. До крајот и Филип Лазаров и уште еднаш Манасков погодија во гостинската мрежа. Во видео прилогот погледнете го првиот цепелин кој заврши со гол на Лазаров, кој од ЕХФ беше именуван како „македонска гол машина“….