Кире Лазаров и Нант влегоа со пораз во новата сезона

Во најинтересниот натпревар од вториот дел од првото коло во Лигата на шампионите меѓу Нант и Флензбург тимот на Кире Лазаров не одигра најдобро и загуби со 31:34. Германците стигнаа до победа со која влегоа во сезоната најдобро што може, па сосема извесно е каде ќе биде главната конкуренција на ПСЖ во новата сезона за висок пласман во групата.

300x250

Екипата на Флензбург беше во предност во најголемиот дел од средбата. Нант мораше да брка негатива и да се обиде да се врати во игра, но одеше тешко. Германците постојано беше во два до три гола позитива што задаваше тешка задача за ракометарите од Нант кои не успеваа да се снајдат.

Оттаму на неколку минути до крајот победникот беше решен и тука немаше дилеми кој ќе победи така што беше прашање разликата, а Флензбург остана со плус три, 31:34.

Кире Лазаров на овој дуел беше реализатор само на два гола, а прв стрелец во Нант беше Валеро Ривера со шест гола, додека пет постигна Николас Клер. Во таборот на Флензбург Магнус Ред имаше шест гола, додека Лауге Шмит реализираше петпати.