Кире Лазаров и колегите од септември се враќаат во салата „Спорт Палас“ (ФОТО)

После три години, екипата на Нант ќе има одново можност да игра во салата „Спорт Палас“, која има сосема оинаков изглед. Екипата ќе може да ја користи оваа сала од септември после тригодишното реконструирање, а  сега играчите ќе можат да уживаат во нов паркет, но и ќе играат пред поголем број на публика (капацитетот е зголемен од 4700 на 5450 ). За 41 милиони евра историската сала на Нант го доби сето ова во период од само 3 години.

Кире Лазаров и колегите ќе имаат одлична можност пред поголем број на навивачи да носат нови успеси во следната сезона, а оваа сала ќе ја користат и машката и женката екипа на Нант. Истата е изградена во 1970 година, а во 2008 година нејзините корисници почнаа да се жалат на капење на вода од кровот со што беше незамисливо некој да продолжи да игра во салата.

Во претходните три сезони своите успеси и неуспеси соиграчите на Кирил Лазаров ги доживуваа во салата „Ла Трокадиер“ која брои 4400 седишта и официјално не е во корист  за финалистите од претходната сезона во Лигата на шампионите.

Новиот изглед на салата можете да видите во сликата подолу.