Кире Лазаров за 24 Ракомет ТВ: Направивме светско чудо (ВИДЕО)

Рекордерот според бројот на голови на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите, Кире Лазаров после средбата против Монпелје призна дека мора да се честита на подобриот противник во финалето и дека ривалот бил многу подобар.

Нант успеа да покаже одлична игра и да се бори до самиот крај, но немаше можност да го надигра тимот кој имаше комплетно одлична сезона и кој елиминираше многу квалитетни екипи.

„Треба да се честита на Монпелје. Овој тим го игра најдобриот ракомет во Европа. Кога стигнав во клубот минатото лето ми кажаа дека амбициите во првенството на Франција е да се биде меѓу најдобрите три за да се обезбеди учество во Лигата на шампионите. За играа во Лигата на шампионите бев изненаден кога ми рекоа дека е доволно да ја поминеме група. Можам слободно да кажам дека ние со ова направивме светско чудо. Сега ми е криво што загубивме, но треба да се биде реален и да се честита бидејќи екипата на Мопелје заслужено победи“, изјави Кире Лазаров за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.