Кире и Нант издржаа во Манхајм имаат активни минус два за реваншот

Филип Талески доби можност да игра во финишот од натпреварот против Нант, но немаше погодоци во победата од 34:32. Во меч со многу голови Рајн Некар се избори за победа со која не може да биде сигурен околу пласманот во четврт-финалето, а дефинитивно ова е резултат кој остава простор за надигрување.

Кирил Лазаров, пак, имаше два гола од седум удари на ова гостување после кое Нант може да се надева дека на домашен терен ќе успее да го совлада тимот на Рајн Некар и да се пласира понатаму на дуел со Барселона.

Нант го доби првиот дел од средбата. Практично тоа беа првите 20 минути во кои постојано беше во предност, а потоа домашните успеаја да го свртат резултатот во своја корист и да дојдат до предност која ја имаа до крајот од натпреварот.

На полувреме резултатот беше 18:16 во корист на тимот на Рајн Некар. Овие два гола беа и зголемени, но како што се доближуваше крајот на средбата така се гледаше дека домашните го губат ритамот и Нант успеа да се доближи и да заврши со негативата од првите 30 минути.

Со 34:32 тимот на Рајн Некар не може да биде сигурен, а Нант со 32 гола во гости секако добива предност во овој двобој така што е сосема извесно дека ќе биде интересно на реваншот.

На првиот меч во редовите на Рајн Некар најефикасен и одличен во нападот беше Јаник Колбахер кој имаше 11 гола од 12 шута, додека Шмид заврши со осум погодоци. Кај поразените Гурбино и Ниокас со по седум гола котираа највисоко кај стрелците на гостите.