Кире и колегите немоќни против европскиот првак

Составот на Монпелје најавува нова успешна сезона во Лигата на шампионите, а во мечот копија на последното финале денеска уште еднаш го надигра тимот на Нант совладувајќи го со 31:27.

300x250

Ова беше дуел со едно израмнето полувреме. Во првото беше 15:15, а потоа во вторите 30 минути дојде до израз играта на Монпелје и овој тим успеа да се избори за предност која беше доволна на крајот да се дојде до победа.

Според она што го демонстрираа ракометарите на Монпелје тие беа подобри на теренот во вторите 30 минути, па стартуваа со бодови на Еуротурнирот во Стразбург каде ќе има уште по еден дуел за двата тима од групната фаза и еден меч за пласман во недела.

Третиот тим во групата на Монпелје и Нант е Веспрем.