Ким Расмусен: Да беше Вардар трпелив со мене…

Актуелниот селектор на женската репрезентација на Унгарија, Ким Расмусен во своето последно интервју се потсети на случувањата во периодот кога краток период беше дел од екипата на Вардар.

300x250

Тој на почетокот на 2015 година беше претставен како советник во екипата, но после само неколку недели се заблагодари на соработката и си замина од клубот после поразот од екипата на Лајпциг. Сега вели дека жали што во клубот немале доволно трпение за она што тој сакал да го спроведе.

„Поминав три луди недели во Скопје. За мојата работа и спроведување на идеите е потребно време. Мора внимателно да направам анализа на културата на тимот и на менталитетот. Веднаш потоа мора детално да размислам што и како ќе биде во однос на тактиката која би можел да ја применам со ракометарките кои ги имам на располагање. Можеби доколку во клубот беа потрпеиви со мене ќе можев да изградам нешто во клубот. Сепак, не успеав во тоа. Следната сезона како тренер на ЦСМ Букурешт играв против Вардар во полуфиналето на Ф4-турнирот и победивме. Потоа ја освоивме и титулата и бев навистина горд и среќен“, вели Расмусен.

Тој после титулата во Лигата на шампионите го напушти тимот на ЦСМ Букурешт, а од 2016 година е на клупата на репрезентацијата на Унгарија.