Кил шокиран во првиот натпревар во бундеслигата: Голманот на Лемго со 32 одбрани го шокираше шампионот Кил!

Екипата која најави европска доминација оваа сезона, воедно и актуелен германски шампион, Кил беше шокирана во својот премиерен настап оваа сезона во бундеслигата. Домаќинот Лемго се покажа како непремостива пречка за супермоќните “зебри”, совладувајки ги со 27:21 (14:13), со што најави интересна сезона во германската бундеслига.

300x250

Почетокот на натпреварот не навестуваше ваква завршница, бидејки по 15 минути игра од првото полувреме Кил имаше водство од 7-9 и се чинеше дека рутински ќе го добие овој натпревар. Но по завршувањето на натпреварот уште еднаш добивме одговор зошто бундеслигата е најсилна ракометна лига на светот. Од 20 минута на првото полувреме екипата на Лемго, вторпат го превзеде водството на натпреварот(10-9) и не го испушти до самиот крај. На полувреме Лемго имаше водство од 14-13.

Во вториот дел домаќинот имаше постојано водство помеѓу 3 и 4 голови разлика, Кил се обидуваше да се врати во игра но на спротивната страна го имаше супер мотивираниот тим на Лемго предводен од извонредниот Нилс Дресрисе на голот кој ја урна и последната надеж на Кил дека може да се врати во игра на овој натпревар. До крајот домаќините стигнаа и до највисокото водство од 6 голови разлика за конечни 27-21, и најава за нова епска борба за титулата во најсилната ракометна лига на светот.

Патрик Цикер со 6 погодоци беше најдобар ракометар во екипата на Лемго, додека на голот брилираше извонредниот Нилс Дресрисе со фантастични 32 одбрани. Филип Јиха беше најдобар стрелец во екипата на Кил, постигнувајќи 5 голови.