Кил се загреа за Вардар, со убедлив триумф доаѓа во Скопје!

Бундеслигашот Кил ќе биде следен противник на Вардар во Лигата на шампионите, а на само неполни два дена до мечот во Скопје, германскиот тим мораше да одигра натпревар во Бундес лигата.

Избраниците на Филип Јиха се намачија во првото полувреме против аутсајдерот Нордхорн и едвај обезбедија минимално водство со 14-13.

На стартот на вториот дел работите си дојдоа на свое место. „Зебрите“ направија разлика што ќе им доволна за мирна завршница и не запнуваа многу да ја поправаат гол разликата, па мечот заврши 31-23.

Најдобри стрелци во германскиот состав, за кој не играше Домагој Дувњак, беа шведските интернационалци Екберг со седум и Нилсон со шест погодоци.