Кил не го пушта Дувњак, Хрватот останува во Бундес лигата

Средниот бек на репрезентацијата на Хрватска, Домагој Дувњак ќе остане во Кил и по завршувањето на оваа сезонава. Тој ја прифати понудата да го продолжи договорот кој истекува на 30 јуни 2020 година така што својот претстој ќе го продолжи за уште две години.

„Кил за мене е најдобриот клуб во светот. Ова е причината зошто ќе го носам дресот на овој тим уште две години“, беше краткиот коментар на Дувњак по потпишувањето на договорот.

Претходно имаше најави дека Хрватот може да го замени Сагосен во ПСЖ, но со продолжувањето на договорот тоа со сигурност нема да се оствари. Главна пречка е управата на Кил која не дозволува лидерот да ја напушти екипата.

Дувњак во германскиот вице шампион настапува од 2014 година и досега има одиграно 231 натпревар на кои постигна 809 гола.