Кил и „Шпаркасен Арена“ ќе бидат домаќини на Ф4 во ЕХФ Купот

Покрај завршниот турнир во Лигата на шампионите, што ќе се игра во Келн на 1 и 2 јуни следната година, Германија, поточно Кил, ќе бидат домаќини на завршниот турнир и во второто по ранг европско клупско натпреварување, ЕХФ Купот.

Најдобрите четири екипи во Купот на ЕХФ ќе играат во „Шпаркасен Арена“, која има капацитет од 10.250 гледачи, на 17 и 18 мај следната година.

Домаќинот Кил обезбедува директен пласман на завршниот турнир, доколку биде прв или најдобар меѓувторопласираните во групата, па ќе остане да се доиграат уште три четрвртфинални двобои.

Македонски претставник оваа сезона во групната фаза ќе биде Еурофарм Работник, кои за ривали ги има Хановер, унгарската Татабања и хрватскиот Нексе Нашице.