Кил го задржа својот прв дефанзивец

Еден од најдобрите и најборбените играчи на Кил, Патрик Винчек официјално ги отфрли шпекулациите дека заминува од Кил со потпишувањето на новиот договор кој би требало да го задржи меѓу „зебрите“ до 2023 година.

Со овој потег раководството на Кил сериозно ќе ја базира својата иднина на играчите од актуелниот состав, а претходно, продолжување на договорите прифатија и: Никола Билик, Лукас Нилсон и Никлас Екберг.

Германскиот репрезентативец е еден од најважните играчи во Кил. Тој е одличен и во нападот, но и во дефанзивните задачи, а во Кил дојде од Гумерсбах во 2012 година и веднаш се наметна во првата седумка на тимот. Во своите шест години поминати кај „зебрите“, Винчек трипати ја освои Бундес лигата, двапати Купот на Германија и двапати Супер купот на Германија.