Кизиќ: Ни фалеше спортска среќа

Кадетската селекција на Македонија загуби од осминафиналето од Португалија и ќе разигрува за пласман на 13 место на Мундијалот. Голманот Марко Кизиќ вели дека ни фалеше спортска среќа во моментите кога се кршеше резултатот.

„Игравме храбро, но ни фалеше спортската среќа, затоа што одбиените топки завршуваа кај противникот, имаше и чудни судиски одлуки, но можам да кажам дека дадовме се од себе. Можеби Португалија повеќе заслужи да победи на овој натпревар. Имав добра партија, но имав и грешки, кои доведоа до негативен резултат. Сега следи за нас уште еден натпревар, не чека нова борба, ќе гледаме да победиме“, изјави Кизиќ.

Средбата меѓу Македонија и Аргентина се игра денеска со почеток во 16:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.