Келце ќе го гледаат повеќе фанови, следува ширење на Арената

Шампионот на Полска, Келце планира да изврши реконструкција на својата Арена, а со тоа и да го зголеми бројот на седиштата во истата. Ова ќе биде направено како дел од подготовките за Мундијалот во машка конкуренција кој во 2023 година треба да се одржи во Полска и во Шведска.

Салата „Легионов“ треба да добие поголем капацитет. Во овој момент домот на Келце може да прими 4.200 гелдачи, а после реконструкцијата капацитетот ќе биде зголемен на 6.000 гледачи. Една од причините за проширувањето на Арената е проценетата добивка на Келце од натпреварите во Лигата на шампионите.

Се проценува дека откако капацитетот ќе биде зголемен за уште 1.800 места повторно Арената ќе биде исполнета до последното место на натпреварите во Лигата на шампионите. Оваа сезона Вардар ќе гостува во салата Легионов со оглед на тоа што е одново во иста група со Келце.