Келце се премисли, сака да го задржи искусниот Полјак

Еден од поискусните ракометари од Полска, кој веќе пет сезони го носи дресот на Келце најави заминување од редовите на шампионот, но се чини дека дојде до пресврт. Според пишувањата на полските медиуми клубот ја разгледува можноста за склучување на нов договор со Мариуш Јуркевич.

Ракометарот кој има 37 години,  требаше да го напушти Келце по пет години поминати во жолтиот дрес. Оваа информација беше потврдена и од клубот. Сепак, според зборовите на претседателот на Келце, Бертус Сервас има шанси Полјакот да остане во клубот.

„Точно е дека ја разгледуваме можноста за скучување нов договор со Мариуш. Но, тоа не е толку едноставно бидејќи тој има веќе склучено договор со Вибжеже. Не можам да кажам дека ќе остане во клубот. Имаме два или три кандидати за таа позиција, но опцијата со Јуркевич е многу сериозна“, рече Сервас.

Келце се подготвува максимално за следната сезона во која има уште поголеми амбиции во Лигата на шампионите.