Келце се ослободи од еден кружен напаѓач

Уште еден играч си замина од екипата на Келце. Станува збор за третата опција на пикерската позиција Бартоломеј Бис. Во конкуренција на Агинагалде и Каралек, тешко се изборуваше за минутажа особено во Лигата на шампионите. Тој заминува во редовите на конкурентот од полското првенство, Горњик Забже.

Бис требаше да го продолжи договорот со Келце, а потоа да биде испратен на позајмица, но сепак претседателот на полскиот шампион – Бертус Сервас, одлучи поинаку и го ослободи играчот. Бис сигурно во новиот клуб ќе има повеќе простор за докажување.

Пивотот кој има само 22 години во Горњик пристигнува како слободен играч. Бис има настапувано  во сите категории за репрезентацијата на Полска, а сигурно во иднина ќе биде стандарден член на сениорската репрезентација.