Келце се израмни со Вардар и му зададе „домашна“

Екипата на Келце денеска забележа убедлива победа на гостувањето во Белорусија и им зададе сериозна задача на вардарци кои утре од 17 часот ќе играат против Барселона.

Келце славеше против Мешков Брест со 35:26 и на тој начин стигна до десет поени после седум средби со што успеа да го одржи чекорот со Рајн Некар и да се израмни со Вардар и со Барселона.

Четирите екипи имаат по десет бода и се на исто ниво така што допрва ќе има битка за првото место во групата А.

Инаку, Блаж Јанц со осум гола и Алекс Душебаев со седум беа најефикасни на овој натпревар. Тие доминираа на теренот и едноставно беа голем проблем за голот на Мешков Брест. В сабота овие две екипи ќе ги одмерат силите во Полска.

На оваа средба Келце повторно имаше проблеми со повредени играчи, а настапи со 13 ракометари.