Келце победи на Шипиорно купот, но Мотор доби одлично засилување во Пешевски

Екс-ракометарот на Металург, Жарко Пешевски покажува одлична форма на контролните средби за неговиот нов тим Мотор Запорожје и ветува добра сезона во која сигурно ќе биде добро засилување за шампионот на Украина.

300x250

Пешевски и колегите беа на турнир на кој првото место го освои екипата на Келце. Шипиорно куп во финалето донесе интересен дуел. Шампионот на Полска славеше со 36:33, но имаше силен отпор од Мотор така што се виде дека во новата сезона во Лигата на шампионите може да се очекува да има интересни средби.

На дуелот против Келце, Пешевски успеа да погоди петпати и беше меѓу подобрите во својата екипа. Во таборот на Келце, пак, поранешните вардарци беа максимално расположени за голови. Душебаев постигна седум, а Лука Циндриќ четири гола и практично тие го носеа тимот кон победата на овој турнир.

Ова е најава за убава сезона и од Лука Циндриќ и од Жарко Пешевски кои на крајот од сезоната ги напуштија екипите на Вардар и Металург.