Келце остана без Лијевски

Криштоф Лијевски се приклучи на листата на повредени играчи во полскиот шампион. Играчот ќе паузира три недели и нема да биде на располагање на Талант Душебаев за наптреварите од осминафиналето во Лигата на шампиони против Мотор Запорожје.

Келце во текот на сезоната се соочува со многу повредени играчи, а во пресрет на клучните пресметки во Лигата на шампиони ќе биде дополнително ослабен. На последниот тренинг Лијевски заработи скршеница на прст и ќе биде надвор од тимот најмалку три недели.

Претходно во тимот на Келце се повредија Михал Јурецки и браќата Душебаеви. Проблеми со повреди имаа и Циндриќ и Мамиќ. Келце во осминафиналето во Лигата на шампиони ќе се сретне со Мотор на Жарко Пешевски, а првиот натпревар се игра на 23 март во Запорожје.